Раст од 3,1 отсто на индустриското производство во ноември

Bez autora
Dec 29 2013

Индексот на индустриското производство во ноември бележи пораст од 3,1 отсто во однос на истиот период лани, објави во петокот Државниот завод за статистика. Индустриското производство во периодот јануари - ноември 2013 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 2,6 отсто Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изрази денеска очекување дека растот на индустриското производство до крајот на годината и во наредната година ќе биде поинтензивен. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто.

Раст од 3,1 отсто на индустриското производство во ноемвриИндексот на индустриското производство во ноември бележи пораст од 3,1 отсто во однос на истиот период лани, објави во петокот Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во периодот јануари - ноември 2013 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 2,6 отсто

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изрази денеска очекување дека растот на индустриското производство до крајот на годината и во наредната година ќе биде поинтензивен.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6 отсто, Капитални производи за 0,1  отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9,1 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik